Актерката Хали Бери (58) прошета по црвениот тепих на Мет Гала 2025 во еден од нејзините најсмели изгледи досега – проѕирен фустан со пруги и длабоко деколте. Фустанот во стил на сирена е дизајниран од ЛаКван Смит и е речиси целосно транспарентен, освен неколку стратешки поставени пруги.

Таа го комплетираше својот изглед со црн превез и кратко сако, а за пригодата ја собра косата во елегантна пунџа. Актерката дополнително блескаше со дијамантски ѓердан и обетки.

Иако Хали Бери неколку пати ја красеше насловната страница на Vogue, ова е само нејзино второ појавување на Мет Гала. Таа првпат учествуваше во 2017 година, кога носеше речиси целосно проѕирен комбинезон од модната куќа Atelier Versace.

Мет Гала традиционално се одржува првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, а покрај тоа што ги собира познатите личности од светот на модата, музиката и филмот, има и хуманитарен карактер.

Овогодинешната тема Superfine: Tailoring Black Style се фокусираше на модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес-кодот „Кроен за вас“ им даде можност на гостите да го изразат својот стил преку персонализирани кроеви и реинтерпретација на машката мода.

Текстот Хали Бери (58) прошета по црвениот тепих на Мет Гала во проѕирен фустан е превземен од МАКФАКС.