Ненаситната потреба за стекнување финансиско богатство, под формулата „промоција на фудбалот“, ги турка луѓето задолжени за водење на овој спорт во планетарни рамки премногу често да започнуваат нови или да ги прошируваат постоечките натпреварувања. Кога ги планираат новите натпреварувања никој не се консултира со фудбалерите.
Фудбалска Европа го крева својот глас, на 14.октомври ќе биде поднесена официјална жалба против натпреварувачкиот календар на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Целта на заедничката иницијатива на неколку европски фудбалски организации и лиги, асоцијации и сојузи на професионални играчи… е да се предупреди претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за штетното влијание на зголемениот број на натпревари врз здравјето на фудбалерите.
„Притисокот врз ФИФА е тука и се чини дека се преземаат само првите чекори. Светското клупско првенство замислено од Инфантино, плус пресудата за случајот Ласана Диара која го става во ризик трансфер системот на ФИФА, конечно предизвикаа конфликт околу тоа како и на кој се управува со светскиот фудбал…“, стои во дел од објаснувањето на широк блок противници на печат на обврските на модерните робови во копачки.
И шпанска „Марка“ и медиумите низ Европа јавуваат дека во оваа прилика ќе се одржи конференција на работна тема „Заштита на здравјето на играчите и зачувување на одржливоста на националните лиги во Европа од навредливото однесување на ФИФА“.
Дека работата е сериозна покажува дека зад споменатата жалба стојат Ла Лига, Меѓународниот сојуз на професионални фудбалери (FIFPro), асоцијацијата на европски лиги, Премиер лигата… Дека се решени да истраат во своето барање покажува фактот дека истата жалба ќе биде поднесена и Европската комисија.
Premier League amongst group to lodge complaint against FIFA over fixture congestion, with the schedule having gone ‘beyond saturation’ https://t.co/tMf6ZhLz00
— Mail Sport (@MailSport) October 13, 2024
Текстот Фудбалска Европа го крева гласот против ФИФА е превземен од МАКФАКС.