ФИФА одлучи да ја продолжи борбата против расизмот во фудбалот, воведувајќи построги мерки за казнување на секоја расна дискриминација. Натпреварот ќе биде прекинат доколку судијата забележи расистички навреди од играчите или ако му се пожалат. Исто така, можно е натпреварите да завршат пред крајот поради расизам.
Во иднина, судиите ќе ја прекинат играта веднаш кога ќе забележат расистички извици или гестови од трибините, но и ако играчите се пожалат .
Новото правило усвоено на 74. Конгрес на ФИФА во Бангкок предвидува дека натпреварот ќе биде трајно прекинат доколку судијата и делегатот проценат дека тоа е неприфатлива форма на говор на омраза, расна или каква било друга дискриминација.
ФИФА одлучи да преземе колективна одговорност за глобалната позиција против расизмот во фудбалот. ФИФА, во соработка со сите национални асоцијации, ќе активира програми и акции во секоја од петте области на дејствување кои ја поддржуваат глобалната позиција против расизмот: правила и санкции, акција на теренот, кривични пријави, едукација и гласот на играчите.
На Конгресот на ФИФА беше воспоставен гест со кој играчите можат да испратат јасна порака до судијата дека доживеале расни навреди. Станува збор за вкрстени раце во „Х“.
Во пракса, постапката треба да изгледа вака:
Прв чекор
Судијата ја прекинува играта: Ако сте доживеале навреди на расна основа, користете го „антирасистички гест“ (прекрстени раце во „Х“) тогаш судијата автоматски ќе ја прекине играта;
Втор чекор
Судијата ги испраќа тимовите во соблекувалната: Доколку навредите продолжат по предупредувањето и играта продолжи, судијата го прекинува натпреварот по втор пат и ги испраќа тимовите во соблекувалната.
Трет чекор
Судијата го прекинува натпреварот: Доколку навредите се повторат за време на паузата или по продолжувањето на натпреварот, натпреварот ќе биде трајно е прекинат и ќе се решава на „зелена маса“.
Овој јасно дефиниран протокол дефинитивно ќе помогне во борбата против расизмот на фудбалските терени, но сепак е пораз што сето тоа треба да се направи во 21 век.
Текстот Фудбалерите против расистите: Покажете Х со рацете и натпреварот ќе биде прекинат е превземен од МАКФАКС.