11-годишно дете почина, а неколку други се повредени откако автомобил удри во ограда во основното училиште Обурн Саут во источниот дел на Мелбурн.
Најмалку пет деца биле удрени од автомобилот, а 11-годишното момче било пренесено во болница во критична состојба, каде што починало. Другите четири се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Multiple children at an inner Melbourne school have been hit by a car that crashed through a fence. https://t.co/k8Q8gJOYqf #7NEWS pic.twitter.com/i1HrERRbR7
— 7NEWS Melbourne (@7NewsMelbourne) October 29, 2024
Портпаролот на Министерството за образование изјави дека е можно на возачот на автомобилот да му се слошило, пишува Скај Њуз.
Полицијата соопшти дека возилото се движело по улица кога излетало од патот и ја пробило училишната ограда нешто по 14:30 часот.
Петте деца кои биле удрени седеле на клупа покрај оградата кога автомобилот налетал на нив. Учениците биле излезени на училишен одмор кога се случила несреќата и неколку деца биле сведоци на несреќата.
„Возачот е уапсен и ќе биде сослушан“, соопшти полицијата на Викторија.
Текстот (Фото) 11-годишно дете почина, уште неколку се повредени кога жена во Мелбурн удри со автомобилот во ученици е превземен од МАКФАКС.