Кога станува збор за чист гламур, Амал Клуни е синоним за овој моден израз. Нејзините фустани зрачат со чиста елеганција, минималистички крој, а таа често флертува со специфични материјали.
Неодамна таа блесна на премиерата на филмот „Џеј Кели“ во Лондон, па дури ни нејзиниот сопруг – познатиот Џорџ Клуни – не беше имун на оваа сцена.
Имено, Амал прошета по црвениот тепих во розов фустан дизајниран од познатата модна дизајнерка Тамара Ралф. Фустанот е украсен со розови светки на горниот дел, додека долниот дел е исполнет со реси.
Фустанот е малку тесен, па затоа ја нагласува витката фигура на Амал. За да го комплетира овој стил кој зрачи со стар холивудски гламур, таа додаде пердувеста наметка во пудра розова боја.
Таа ја стилизираше косата на вообичаениот начин – се одлучи за меки бранови, а за шминка носеше нежни тонови кои ја нагласуваа нејзината природна убавина.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Сопругата на Клуни е вистинска убавица: не е ни чудо што ја изгуби главата по неа е превземен од МАКФАКС.