Иако е октомври месец, сепак поради студениот циклон, нашата држава е под влијание на влажна воздушна маса, која донесе пониски температури од просекот за овој период од годината. Во поголемиот дел од државата има врнежи од дожд, но на некои повисоки места и снег. Такво место е битолско Стрежево, односно ски центарот во Нижеполе. Вистинска снежна идила во среде октомври месец со снежна покривка од десетина сантиметри.
Како што информираат од УХМР на планините на северозапад врнежите денеска ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, поинтензивни околу пладне и попладне, проследени со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 7 степени.