Пејачката Рита Ора беше една од ѕвездите кои се појавија на доделувањето на наградите Еми.
Таа дојде со својот партнер, а двојката се обиде да ја забавува публиката и да привлече внимание низ целиот црвен тепих. Тие успеаја во тоа главно поради изгледот на Рита, но и нејзината нова боја на косата откако пејачката стана русокоса.
Овој пат, Рита не беше толку провокативна како што е вообичаено, но ако им верувате на коментарите, таа не импресионираше со изборот на фустан.
Лесен долг фустан на преклоп со голем прорез што ги откриваше нејзините нозе беше нејзин избор, но еден детаљ привлече малку повеќе внимание.
Поради дизајнот на фустанот и длабокото деколте, пејачката не можеше да носи градник, па сите очи беа насочени кон нејзините гради.
Уште едно во низата заводливи изданија, Рита го заокружи својот изглед со едноставни сандали и уживаше позирајќи за публиката.
Во еден момент, Кејт Бланшет им се придружи на црвениот тепих, со која исто така позираа и создадоа одлична атмосфера.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Смело издание со нова фризура: Рита Ора една од ѕвездите на Еми наградите е превземен од МАКФАКС.