Северина ја поминува последната недела од септември во Турција, поточно во Истанбул.

Пејачката беше во друштво на нејзината внука Миа Поповиќ, која често ја придружува на патувањата. Северина објави неколку фотографии на Инстаграм и призна дека нејзините пријатели во Истанбул ги пуштаат нејзините песни насекаде, иако знаат дека тоа не ѝ се допаѓа.

„Илјада луди луѓе/пријатели околу мене, кои ги свират моите песни каде и да одиме во Истанбул (иако знаат дека не ги сакам)… но не дозволив тоа да ми го расипе расположението. Засекогаш вљубена во животот, луѓето, музиката, храната и она што го правам“, рече таа.

Северина отпатува во Турција откако помина некое време во Италија. Претходно оваа година, таа ја посети Шпанија со својата внука.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Северина отпатува во Турција, со нејзината внука Миа: „Вечно вљубена во животот“ е превземен од МАКФАКС.