Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина на градот Арак, околу 230 километри југозападно од Техеран.

Сликите од 18 и 19 јуни покажуваат сериозна штета на главната купола на реакторот. Најновата слика јасно покажува голема дупка на врвот од структурата, додека фотографија направена еден ден претходно ја покажува куполата недопрена.

Покрај самата купола, оштетени се и други делови од објектот. Најмалку две кули се делумно уништени, додека две блиски структури се речиси целосно уништени. И Израел и Иран денес потврдија дека реакторот Арак бил цел на нападот.

Текстот (Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак е превземен од МАКФАКС.