Принцезата Шарлин од Монако присуствуваше на 69-то издание на доделувањето на Златната топка во Париз во понеделник вечерта и навистина го воодушеви светот со својот моден аутфит, внимателно избран за оваа пригода.
Таа изгледаше како вистинска холивудска дива и за момент не беше јасно дали сме на еден од најпрестижните црвени теписи или „само“ на спортски настан.
Убавата принцеза блесна во бел фустан од модната куќа Ели Сааб и се чини дека ова е навистина еден од нејзините најубави аутфити, иако веќе ја видовме во разни прекрасни креации.
Креацијата што ја носеше овој пат се вика Кади, а е изработена од свила и зрачи со елеганција. Но, како што сме навикнати од принцезата – едноставно, со порака дека помалку е секогаш повеќе.
Фустанот има долги ракави со речиси незабележливо зголемени рамена и дискретно ја следи линијата на телото, а на задната страна има голем асиметричен рез и тука всушност се покажува целиот нејзин раскош.
Со оваа божествена креација, таа носеше бела чантичка и сатенски бели чевли, како и луксузни обетки кои дополнително беа нагласени со уредна, елегантна ниска пунџа и црвен кармин.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Принцезата Шарлин во најубавиот бел фустан е превземен од МАКФАКС.