Ким Кардашијан моментално го користи слободното време за да ја промовира новата колекција на нејзиниот бренд SKIMS.
Популарната Ким Кардашијан секогаш е мета на коментари. Без разлика дали се работи за нејзиниот изглед, нејзините облини, она што го носи или објавува, старлетата ја користи секоја прилика за малку внимание.
Нејзините најнови објави во бикини ги „запалија“ социјалните мрежи, но сега се појави продолжение кое на старлетата нема да и се допадне.
Секси објавите го одвлекуваа вниманието од ситните детали, па за кратко време облините на Ким Кардашијан повторно беа во центарот на вниманието. Меѓутоа, острото око на оние кои ја сакаат малку помалку забележало нешто сосема друго.
Повторно е обвинета за лоша употреба на фотошоп.
„Што се случи со стомакот на третата слика? Отпуштете го тој што го фотошопирал ова“, гласи еден коментар.
На контроверзната фотографија долниот дел од бикините навистина изгледа малку чудно, како да недостасува дел. Дали се работи за оптичка илузија или пак Ким си игра со фотошоп, проценете сами.
Текстот (Фото) „Отпушти го тој што го фотошопирал ова“: што се случи со стомакот на Ким Кардашијан е превземен од МАКФАКС.