Актерката Елса Патаки неодамна присуствуваше на настан за лансирање на брендот Biotherm во Мадрид. Сопругата на Крис Хемсворт е амбасадор на гореспоменатиот бренд, па затоа не е изненадување што таа беше заштитно лице на настанот.

За таа пригода, таа избра едноставна бела креација која ласкаше на нејзината завидна фигура, со асиметричен крој, длабоко деколте и отворени рамена.

За да го разбие монохроматскиот изглед, таа додаде потпетици со отворени прсти во боја на праска кои ги истакнуваа нејзините витки нозе.

Бидејќи е природно убава, немаше потреба од многу шминка, па актерката се одлучи за земјени тонови кои само малку ги истакнуваа нејзините црти.

Косата ја стилизираше на наједноставен начин – ја остави слободно да паѓа по грбот, а како додатоци додаде едвај забележливи обетки и нараквици.

Покрај нејзината модна комбинација, најголемо внимание на јавноста привлече младешкото лице, што го поставува прашањето – како го прави тоа?

Во интервју за „Harper’s Bazaar“, шпанската убавица еднаш призна дека клучот за нејзиниот успех е: физичка активност, правилна исхрана и „ментална кондиција“.

Што се однесува до нејзината рутина за убавина, Елса се труди да ја одржува едноставна и минимална, а да не вклучува многу производи за нега на кожата.

Еве што таа практикува:

  • Соодветно чистење и миење со ладна вода
  • Хидратација на кожата проследена со масажа на лицето
  • И на крај, зелен чај

фото: принтскрин

Текстот (Фото) На 50 години, таа има лице и тело како девојка: во што е тајната? е превземен од МАКФАКС.