Жозе Мурињо беше суспендиран и не можеше да ја води Рома, која со пресврт стигна до цел плен кај Каљари.
Португалскиот тренер е доста активен на социјалните мрежи. Последната фотографија ја сподели по овој натпревар и покажа како се одвиваше неговата вечер за време на гостувањето на Сардинија.
„Завршен натпревар, три бода, убава храна (не смеам да влезам во соблекувална)“, напиша Мурињо.
Со победата римјаните се вратија на победнички пат и скокнаа на четвртата позиција на табелата во Серија А.