Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел за службени потреби користеше Audi A8 L Security, но новиот канцелар Олаф Шолц, ја одбра традиционалната опција – Mercedes S класа.
Како и многу негови претходници, Шолц се одлучи за производителот на автомобили од Штутгарт, а се работи за вистински „тенк“ на тркала, кој обезбедува најголема можна сигурност и луксуз во едно – Mercedes S680 4Matic Guard кој чини над половина милион евра.
Покрај балистичката заштита, оваа „S“ класа има и гуми отпорни на дупчење, автоматски апарат за гаснење пожар и систем за воздух кој може да спречи навлегување на отровни гасови.
„Mercedes“ го користи и најмоќниот мотор што се нуди – „6.0 V12“ со 450 kW / 612 КС.
„Тенкот“ на Шолц има највисоко ниво на заштита VR10. Со 4,2 тони тежина, моделот Guard е двојно потежок од стандардната верзија, а само шофершајбната која е отпорна на курѓуми, тежи 120 килограми. Додека производството на стандардниот Mercedes S680 трае околу 50 часа во фабрика, варијантата Guard, рачно се изработува 50 дена.
Во текот на тестирањата Guard претрпел 300 куршуми и детонација од 12 килограми пластичен експлозив. Покрај балистичката заштита, Guard вози на посебни “run-flat” Michelin PAX гуми кои може да возат пробушени со рафал од автоматска пушка, до 30 километри.