Пејачката Шакира неодамна беше фотографирана на плажа во Мексико, а малку е да се каже дека нејзиниот изглед загрижи многумина…

Се чини дека Шакира ужива во последните денови на летото, а странските медиумски фотографи „не ѝ даваат никаков мир“. Неодамна беше фотографирана на плажа во Мексико, „впивајќи“ го утринското сонце, а нејзиниот природен изглед привлече внимание.

Пејачката беше опуштена на плажа, а за таа пригода носеше необичен фустан – металик розов со реси. Шакира немаше воопшто шминка на лицето.

Овој нејзин потег предизвика вистинска контроверзност меѓу корисниците на интернет. Додека некои ја фалат нејзината природна убавина и енергија, други ги истакнуваат нејзините „маани“.

„Ова е нејзиното тело без филтер“, „Госпоѓа Шакира е на плажа, нејзините години веќе се гледаат“, „Без филтер, но сепак е убава. Природна Шакира > Инстаграм Шакира“, „Ја стигнаа годините, но сепак е кралица“, „Дали има целулит? Па што, таа е жена, а не кукла“, се само дел од коментарите.

Текстот (Фото) Згодната Колумбијка шокираше со својот изглед: „Ја стигнаа годините, но…“ е превземен од МАКФАКС.