Познатиот холивудски пар, Амал и Џорџ Клуни, се појавија на доделувањето на наградите „Албис“, организирани од нивната Фондација за правда, и во таа пригода ги оставија сите без здив.
Секое модно издание на убавата адвокатка е достојно за вниманието на целиот свет, таа неодамна маѓепса во еден од нејзините пократки фустани, а сега блесна во креација во чоколадна боја.
Модната куќа Версаче беше заслужна за совршениот фустан во кој се појави Амал.
Златниот накит најдобро се комбинира со оваа боја, па Амал носеше ефектни обетки и нараквица.
Чанта во бронзена боја надополни сè, па Амал беше вистинска ѕвезда на црвениот тепих. Иако Клуни не заостануваше многу.
Познатиот актер се одлучи за класично црно одело, најбезбедната опција кога станува збор за мажи, па и тој воодушеви многумина со својот изглед додека позираше насмеан покрај сопругата.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Дамски и гламурозно: никој не може да го надмине совршенството на Амал Клуни е превземен од МАКФАКС.