Актерката Сидни Свини е сè повеќе во центарот на вниманието на медиумите поради рекламите во кои се појавува. Таа е заштитно лице на бројни брендови, а една од нејзините реклами предизвика поплава од коментари.

Иако се чинеше дека Сидни ќе се повлече поради негативни коментари, пристигна нов ангажман.

Убавицата со облини повторно е главна тема, а овој пат нејзиното деколте не е во преден план.

Сидни позираше за брендот „HeyDude“, облечена во здолниште и кожна јакна, покажувајќи како стилот и удобноста можат да одат заедно.

Ова е едно од ретките изданија кое не зборува за бујните гради на убавата русокоса, а таа често нагласуваше дека нејзините гради се нејзин најдобар пријател, иако тешко се справувала со нив како тинејџерка.

Позитивните коментари за изгледот на Сидни Свини повторно се нижеа, и се чини дека дури и нејзините обожаватели посакуваа вакви објави бидејќи дојдоа како вистинско освежување.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Градите ја направија позната, а сега ги крие: фаталната русокоса покажа и други атрибути е превземен од МАКФАКС.