Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, целосно го промени својот имиџ. Папараците ја фотографираа додека шеташе низ Менхетен, а повторно се постави старото прашање на кого повеќе личи Шајло.
Сепак, прво доаѓа имиџот, таа ја промени бојата на косата, сега е платинесто руса, па тоа е првото нешто што им го привлече вниманието на сите, а потоа сличноста со нејзините познати родители.
Како и обично, таа беше облечена лежерно, во преголема маица, а имаше и пирсинг на брадата, што е уште една новина кога е во прашање таа.
Шајло не се експонира премногу во јавноста, тоа беше најмногу поради разводот на нејзините родители, а привлече внимание кога се откажа од презимето Пит и го задржа само презимето на нејзината мајка, Џоли.
Оваа промена совршено ѝ одговара на младата убавица, а многумина тврдат дека сега е поубава отколку кога беше потемна.
Шајло Џоли е совршена комбинација од Бред и Анџелина, се чини дека го собрала само најдоброто од нив и дефинитивно не може да ја скрие сличноста со нив. Таа е талентирана во танцување, што и го прави, а според извори за странски медиуми, поголемиот дел од времето го поминува во танцово студио.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Го промени имиџот и дури сега ги збунува луѓето: таа е совршена комбинација од Бред и Анџелина е превземен од МАКФАКС.