Бред Пит повторно го промени својот имиџ. Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од американската бејзбол лига World Series, кој се одржа на 28 октомври на стадионот Доџерс во Лос Анџелес. Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, седи бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува E!Online.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој беше со басистот на Red Hot Chili Peppers. Двајцата го гледаа натпреварот помеѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу ​​Џејс, во кој канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Грубиот изглед е во остра спротивност со кратката фризура што 61-годишниот актер ја имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашаа за причината за бричењето на главата, Пит накратко објасни за списанието People во тоа време: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Бред Пит изненади со нов изглед на бејзбол натпревар е превземен од МАКФАКС.