Поранешниот тениски ас Борис Бекер (57) и неговата сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро (34) наскоро ќе добијат бебе.

Бекер во јуни објави дека очекуваат бебе, негово петто дете, но прво со 23 години помладата убавица.

Двојката ги одбројува деновите до пораѓањето, а додека не дојде големиот ден, уживаат во преостанатите сончеви денови. Поранешниот тенисер објави компилација од фотографии со својата сакана на Инстаграм.

Вљубените гордо позираат, а трудничкото стомаче е, секако, во фокусот.

„Ја следиме светлината… Уживаме во последните сончеви зраци“, напиша Бекер.

Лилијан е третата сопруга на Бекер. Двојката моментално живее во Милано, а се во врска од 2019 година.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Борис Бекер брои ситно покрај убавицата која е 23 години помлада од него е превземен од МАКФАКС.