Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година. Тогаш неуништливиот газда на „кралскиот клуб“ ќе има 81 година.

Како што објави познатиот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, првиот човек на клубот Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид Овој познат бизнисмен доби нов четиригодишен мандат.

Перез првиот мандат го имаше во периодот од 2000 до 2006 година, а потоа од 2009 година до денес.

За време на неговото владеење, Реал Мадрид освои дури 65 трофеи како спортски клуб – 37 во фудбал и 28 во кошарка, вклучувајќи седум титули во Лигата на шампионите во фудбал и три титули во кошаркарската Евролигата.

Текстот Флорентино Перез ќе го води Реал до 2029 година е превземен од МАКФАКС.