Барселона денес го пречекува Виљареал на својот стадион во рамките на 37-то, претпоследно коло од Ла Лига. Натпреварот нем никаква жаност за Каталонците бидејќи тие веќе ја обезбедија титулата, додека Виљареал со триумф, во пресрет на последната рунда ќе си обезбеди место во Лигата на шампионите.
Тренерот Ханси Флик потврди дека ќе има ротација во тимот и ја најави можноста за почетен состав кој би можел да влезе во клупската историја.
Каталонскиот гигант ја обезбеди титулата на две кола до крајот, со победа од 2:0 над градскиот ривал Еспањол. Откако, во петокот го прослави освојувањето на шампионската титула, како и трофеите во Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, Флик на прес-конференција објави промени во тимот.
Тој откри дека размислува да го започне тимот исклучиво со играчи кои произлегле од Ла Масија, познатата младинска академија на Барселона.
„Разговаравме за потенцијалниот состав со сите 11 играчи од Ла Масија. Постои шанса да го направам тоа, но сè уште не сум донел конечна одлука“, рече германскиот стратег.
Доколку оваа ротација навистина се случи, Барселона прв пат во клупската историја, во официјален натпревар, по започнале со сите единаесет играчи во стартниот состав кои се продукти на Ла Масија.
Текстот Флик против Виљареал ќе излезе со историска стартна постава е превземен од МАКФАКС.