Винисиус Жуниор е соочен со двегодишна суспензија доколку Етичкиот комитет на ФИФА утврди дека тој има конфликт на интереси поради неговите сопственички удели во повеќе фудбалски клубови. Жалбата ја поднесе бразилската компанија Тиберис холдинг до Брасил, барајќи суспензија, а ФИФА потврди дека ќе го разгледа случајот.
На 7 април, „Тиберис“ официјално ја извести ФИФА за можното прекршување на етичкиот кодекс од страна на фудбалерот на Реал Мадрид, наведувајќи дека на активните играчи не им е дозволено директно или индиректно да поседуваат акции во професионални клубови поради ризик од конфликт на интереси.
Компанијата поради која е покренат спорот ја води таткото на Винисиус ТТасило Соареш, а преку неа се вели дека тој стекнал удели во неколку клубови, меѓу кои и Сао Жоао дел Реј.
Компанијата „Тиберис“, која имаше 16,5 отсто удел во клубот, тврди дека незаконски и е ускратено правото на приоритетно купување и дека акциите биле продадени на компанија поврзана со Винисиус.
Тие се повикуваат на член 20 од Етичкиот кодекс на ФИФА и член 22 од Правилникот за спортска правда на шпанската фудбалска федерација, кои им забрануваат на активните фудбалери да имаат каков било сопственички интерес во фудбалските клубови, дури и ако постои само потенцијален ризик од конфликт на интереси.
Слична ситуација се споменува и во врска со клубот Алегре од втората португалска лига, со кој наводно на сличен начин се поврзува Винисиус.
Текстот ФИФА започна истрага: Винисиус се соочува со двегодишна суспензија е превземен од МАКФАКС.