Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Филип Лам им се придружи на критичарите на одлуката Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во 2034 година.
„Важно е големите настани да се случуваат во демократските земји“, рече фудбалерот кој ја освои титулата светски шампион во 2014 година.
„Под различни политички околности би го поддржал доделувањето на Светското првенство на Саудијците.
Меѓутоа, „во спортот сме навикнати на демократско одлучување во спортот, а во Саудиска Арабија тоа не е така“.
Саудиска Арабија беше единствениот кандидат за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Организацијата на турнирот ја доби минатата недела на необичен виртуелен конгрес на ФИФА.
На истиот состанок Мундијалот во 2030 година им беше доделен на Шпанија, Португалија и Мароко. Лам ја критикуваше и постапката.
„Не беше во ред, мислам на начинот како се беше организирано, со еден глас да се доделат две светски првенства. „Можете да гласате или за двете или против двете“, рече тој.
Саудиска Арабија беше цел на критики од многу организации и земји за кршење на човековите права. Критичарите го обвинуваат Ријад дека се обидува да го подобри својот имиџ преку организирање спортски настани.
Текстот Филип Лам ја критикува ФИФА поради Саудиска Арабија е превземен од МАКФАКС.