Американскиот град Филаделфија е првиот голем град во САД што повторно го воведе задолжителното носење маски во затворени простории по големиот скок на бројот на инфекции со коронавирус, а здравствените власти објаснуваат дека целта е да се предупреди за можен нов бран на инфекција поттикнат од омикрон.
Потврдениот број на заразени во градот е зголемен за повеќе од 50 проценти во последните десет дена, што е граница од која се воведува задолжителното носење маски во затворени простории според градските насоки, изјави комесарот за здравство, д-р Шерил Бејгол.
Здравствените власти веруваат дека неодамнешниот пораст на заразените е поттикнат од високо преносливата подваријанта на омикрон BA.2, која брзо се прошири во Европа и Азија и стана доминантна во Соединетите Држави во последниве недели.