Како што се појаснува во соопштението, ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за: крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем – антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).

Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра, посочуваат од ФЗОМ и додаваат дека се работи за прво дополнување на листата по 2014-та година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.