Испразнетото тренерско место во редовите на англискиот фудбалски прволигаш Евертон по отказот што во неделата му беше врачен на Рафа Бенитез ќе го пополни поранешниот фудбалер на премиерлигашот од Ливерпул, Данкан Фергусон (50).
Бенитез беше отпуштен по поразот од Норич (1:2) по кој составот од Гудисон Парк се спушти на 16. место на табелата во Премиер лигата.
Фергусон во кариерата одигра 273 натпревари во дресот на Евертон, а во својот поранешен клуб по втор пат се враќа како тренер. Во истата улога беше 16 денови во текот на декември 2019 година и на четири натпревари запиша една победа и три нерешени пред да дојде Карло Анчелоти.