Формула 1 тимот Ферари го доби судскиот спор со штого спречи неговиот поранешен технички директор Енрико Кардило да започне со работа во Астон Мартин до 18 јули.
Кардило го напушти Ферари за да стане технички директор во Астон Мартин, а двата тима оттогаш водат спор кога тој треба да ја започне својата нова работа.
Ферари во соопштението наведе дека Кардило „веќе ја прекршил антиконкурентската клаузула со Ферари“ и дека пресудата ја донел судијата во Модена „пред неколку недели“, објави Би-Би-Си.
Во соопштението се додава дека целта на релевантната клаузула во договорот на Кардило „е токму да се спречат другите Формула 1 тимови да стекнат неправедна предност со тоа што ќе го вработат Кардило порано од дозволеното и со тоа да му нанесат непоправлива штета на Ферари“.
Астон Мартин во соопштението рече дека „оваа работа е меѓу Енрико и Ферари, како и нивните правни застапници во Италија“ и дека тие „ќе ќе се огласат кога ќе биде потребно“.
Законската победа на Ферари значи дека Кардило нема да може да започне да работи во Астон Мартин додека болидот на тимот од 2026 година е во фаза на развој.
Текстот Ферари ја однесе првата победа во новата сезона е превземен од МАКФАКС.