Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ почнаа клиничко испитување на вакцина против сојот омикрон на коронавирусот.
Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а во испитувањето се вклучени повеќе од 1.400 луѓе.
Иако постоечките истражувања и податоци покажуваат дека засилувачките дози на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од појава на тешки форми на болест и хоспитализација, ја препознавме потребата од нова вакцина во случај оваа заштита да ослабне со текот на времето и потенцијално да помогнеме во решавање на проблеми предизвикани од омикрон или можни нови соеви во иднина, се наведува во соопштението на виш потпретседател на компанијата „Фајзер“ и раководител на одделот за истражување и развој на вакцини.
Вакцината специјално направена против сојот омикрон ќе се дава во доза од 30 микрограми, исто како и сегашната вакцина.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.