Леонардо Бонучи се запиша во историјата на Јувентус со вчерашниот настап за „старата дама“ против Севилја во првиот меч од полуфиналето во Лига Европа, откако стоперот го одигра својот 500-ти меч во црно-белиот дрес.
Овој голем јубилеј за Бонучи е уште поголем поради фактот што е само шести фудбалер во историјата на најтрофејниот италијански клуб кој успеал да стигне до 500 меча во црно-белиот дрес.
Пред него во сите натпреварувања 705 настапи има Алесандро Дел Пјеро, втор е Џиџи Буфон со 685, трет е Џорџо Кјелини со 561, а над 500 меча имаат и великаните Гаетано Ширеа и Џузепе Фурино./Sport1/