Утре се играат четвртфиналните натпревари во фудбалскиот куп на Македонија. Актуелниот шампион Шкендија за противник ќе ја има екипата на Струга Трим Лум. Актуелниот лидер во Првата лига, Шкупи, игра против Македонија Ѓорче Петров. Во другите средби, Пелистер во Битола го пречекува второлигашот Вардар, а во Кратово, Силекс ја пречекува Брегалница.
Куп на Македонија – четвртфинале
Шкендија – Струга Трим Лум
Македонија Ѓ.П. – ФК Шкупи
Пелистер- Вардар
Силекс – Брегалница