Денот на Свети Јован Крстител е една од најголемите слави кај нас.
Православната црква и нејзините верници го прославуваат 20 јануари како ден на еден од најголемите и најзначајни светци – Свети Јован Крстител.
Овој светец е познат по чистотата, моралот и токму тој го извршил чинот на крштевање на Исус Христос.
На овој голем ден, секој верник треба да биде свесен за една голема тајна. Станува збор за покајувањето, преобразбата и одбирањето на правилниот пат.
Свети Јован говорел:
„Треба да одиме кон Бог, нашиот пат да биде насочен кон него, да не’ води кон Творецот, кој не’ повикува насочено, а не присилно. Покајте се и не ја пропуштајте огромната шанса што ви е дадена.“
Свети Јован се смета за громогласна труба што го повикува на преобразба целиот човечки род.
Народни обичаи и верувања
Кај народот постои обичај луѓето да се обврзуваат на побратимство и кумство, бидејќи Јован се смета за пример за карактер и почитување.
Јован Крстител се смета за заштитник на пејачите, музичарите, кројачите, кожарите, крзнарите, гостилничарите, затворениците, осудениците на смрт, заболените од епилепсија, одгледувачите на птици.
Според традицијата, домаќините на оваа слава треба да ги пречекуваат гостите облечени свечено, ведри и расположени и да не седнуваат додека свеќата гори. Не седнуваат од почит кон светецот кој е главен гостин во домот.
Доколку домаќинот е повозрасен и не е физички во состојба да стои цел ден, тоа треба да го прави некој од помладите мажи, син или внук, со негова дозвола. Тој се грижи и за служењето и распоредот на гостите. Домаќинот на ист начин ги испраќа гостите, со желба повторно да се сретна во уште подобро здравје и расположение.