Олександр Усик и Даниел Дубоа официјално ќе се борат ова лето. Шоуто, за кое се зборуваше долго време, доби официјална потврда.
Олександр Усик и Даниел Дубоа ќе се борат на 19. јули на стадионот „Вембли“ за обединување на шампионските појаси во тешка категорија.
Дубоа е светски шампион во верзијата ИБФ, додека Усик е сопственик на титулите во верзиите ВБО, ВБА и ВБЦ.
На 19. мај 2024 година, во Ријад, Усик го победи Британецот Тајсон Фјури и ги обедини титулите светски шампион во тешка категорија во верзиите на ИБФ, ВБО, ВБА и ВБЦ.
Украинецот потоа во јуни 2024 година објави дека се откажал од одбраната на титулата во верзијата на ИБФ, а Дубоа беше прогласен за шампион. Во септември минатата година, Дубоа го одбрани својот ИБФ појас откако го победи Ентони Џошуа.
Усик потоа, во реваншот го победи Фјури на 22 декември минатата година и ги задржа титулите светски шампион во тешка категорија во верзиите ВБО, ВБА и ВБЦ.
Дубоа и Усик се бореа во 2023 година во Вроцлав, а тогаш победи украинскиот боксер.
Текстот Усик и Дубоа ќе се борат за титулата апсолутен шампион во тешка категорија е превземен од МАКФАКС.