Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле редовните вакцини помеѓу 2019 и 2021 година поради пандемијата „Ковид-19“, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ насловен „Состојбата на децата во светот 2023“.
„Повеќе од една деценија тешко стекнати придобивки во рутинската имунизација во детството се загубени. Враќањето на вистинскиот пат ќе биде предизвик“, се вели во извештајот.
Од 67 милиони деца чија вакцинација беше „сериозно нарушена“, 48 милиони целосно ги пропуштија рутинските вакцини, соопшти УНИЦЕФ, истакнувајќи ја загриженоста за потенцијалните епидемии на сипаници, дифтерија или други болести.
„Не можеме да дозволиме довербата во рутинските имунизации да стане уште една жртва на пандемијата“, рече Кетрин Расел, извршен директор на УНИЦЕФ.
Извештајот, исто така, пренесува загриженост за падот на довербата во вакцините во 52 од 55 анкетирани земји.
Вакцинација кај децата се намали во 112 земји, а процентот на вакцинирани деца ширум светот се намали на 81 отсто што е најниско ниво од 2008 година.