Украинската амбасада со апел за користење на имињата на украинските градови во меѓународиот правопис

Со векови, украинските градови мораа да го бранат својот идентитет и вистинска историја. Меѓу другото, преку обидите да се русифицираат нивните жители, да се создадат вештачки митови за нивното потекло.

Јазикот и правописот отсекогаш биле важни како компонента на таков идентитет. За жал, доста голем број меѓународни медиуми и организации продолжуваат да ги користат имињата на украинските градови во неправилна транслитерација наметната од античката политика на русификација.

Се разбира, тоа не е Киев (Kiev), туку Кијив (Kyiv). Тоа исто така не е Харков (Kharkov), туку единствениот украински Харкив(Kharkiv). Не Чернигов (Chernigov), туку нашиот роден Чернигив(Chernihiv). Не е Луганск (Lugansk), туку украинскииот и во иднина ослободен од руските окупатори Луганск (Luhansk)

И не само тоа. Споделете ја меѓу пријатели и партнери практикатаво согласност со украинската традиција и изговор. Да ја надминеме руската пропаганда и дезинформации заедно , се вели во соопштението од Украинската амбасада во Северна Македонија.