Најмалку 12 лица загинаа, а 60 се повредени во напади со руски беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи.

Државната служба за вонредни состојби наведува дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на околу седумдесет години во јужниот град Миколаев.

Зеленски ги повика САД да извршат притисок врз Русија.

„Без навистина силен притисок врз руското раководство, оваа бруталност нема да престане. Во тоа секако можат да помогнат санкциите. Одлучноста сега е клучот – решителноста на САД, европските земји и сите оние ширум светот кои сакаат мир“, рече Зеленски.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта противвоздушната одбрана соборила вкупно 110 украински беспилотни летала над неколку региони низ земјата.

Текстот Украина: Најмалку 12 загинати во руските напади со дрон, САД да извршат притисок е превземен од МАКФАКС.