Украина ги осуди руските планови за одржување претседателски избори на окупираната територија следната пролет, прогласувајќи ги за „ништовни и неважечки“, пренесува Гардијан.
„Ја повикуваме меѓународната заедница цврсто да ја осуди намерата на Русија да одржи претседателски избори на окупираните украински територии и да воведе санкции за оние кои се вклучени во нивното организирање и спроведување“, соопшти украинското Министерство за надворешни работи, пренесува МИА.
Министерството, исто така, ги предупреди земјите да не испраќаат набљудувачи на „псевдоизбори“, велејќи дека прекршителите „ќе се соочат со кривична одговорност“.