Украина е во состојба на формален банкрот веќе неколку недели, пишува германскиот весник Берлинер Цајтунг. На почетокот на јуни, владата во Киев одлучи да не им исплати 2,6 милијарди долари, долг на сопствениците на обврзници, со што официјално влезе во суверен банкрот, според медиумот.

Украинското Министерство за финансии објави дека овој потег е дел од пошироката стратегија за реструктуирање на долгот „која треба да обезбеди долгорочна одржливост на јавните финансии без да ѝ наштети на Украина“. Станува збор за хартии од вредност од 2015 година, кои им даваат на сопствениците, право на плаќања доколку растот на БДП надмине три проценти.

Според официјалните податоци, Украина забележа раст од 5,3 проценти во 2023 година, поттикнат првенствено од домашното воено производство и приливот на надворешни заеми. Сепак, групата инвеститори изрази „разочарување“ поради неисполнувањето на обврските и рече дека е подготвена да бара „заемно прифатливо решение“.

Финансиски товар на Западот
Додека војната продолжува, на Киев итно му се потребни нови средства, но дури и најблиските сојузници на Украина тешко наоѓаат начини да ги обезбедат потребните суми. Трошоците за финансиски опстанок на земјата, како што наведува германскиот весник, ги надминуваат можностите на Германија, Франција и Велика Британија.

Европската унија има намера да обезбеди дел од потребните средства со користење на замрзнати руски средства. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека таков чекор носи висок ризик за европските даночни обврзници. Доколку санкциите против Москва еден ден бидат укинати, а Русија побара враќање на средствата, европските земји ќе мора да ги покријат обврските што Украина не е во можност да ги подмири, пишува медиумот.

Фото: принтскрин

Текстот Украина во формален банкрот- Западот се плаши од финансиски колапс е превземен од МАКФАКС.