
Европската фудбалска унија (УЕФА) му го одзеде финалето на Лигата на шампионите на Санкт Петербург и го префрли во Париз.
Ова беше објавено по итниот состанок на УЕФА одржан денеска.
Финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2021/22 е закажано за 28 мај во 21 часот и официјално ќе се одржи на францускиот „Стад де Франс“ во Сен Дени.
УЕФА на ваквата одлука се одлучи поради, како што се наведува, „сериозна ескалација на безбедносната ситуација во Европа“.