Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо го тужеше градскиот ривал Галатасарај.

Нема крај на „третото полувреме“ од неодамнешното реми меѓу Фенербахче и Галатасарај. Она што се случуваше веднаш по натпреварот, а и во деновите потоа го тресат турскиот фудбал.

Последните вести велат дека Жозе Мурињо, контроверзниот тренер на Фенербахче, на тужбата што ја доби Галатасарај одговорил со лична тужба против најголемиот ривал на неговиот клуб.

Целата приказна започна со изјавата на Португалецот во финишот на мечот дека , дека луѓето од спротивната клупа „скокаат како мајмуни“.

„Мурињо упорно инсистира на навредливи коментари кон турскиот народ по неговото пристигнување во нашата земја. Денес сето тоа ескалираше. Поради тоа ќе поднесеме тужба против Мурињо, а неговото однесување ќе го пријавиме во ФИФА и УЕФА“, објави Галата, по што Турската фудбалска федерација го суспендираше Мурињо на четири натпревари.

Со закана за суспензија од шест месеци, што е максимална казна доколку се утврди дека коментарот на Жозе навистина бил расистички.

Во меѓувреме, и Мурињо го впери прстот кон градскиот ривал.

Фенербахче објави дека неговиот тренер бара 1.907.000 турски лири или 50.247 за нарушување на неговите права, нарушување на угледот што предизвикало душевна болка.

Текстот Угледот му бил нарушен – Мурињо поднел тужба против Галатасарај е превземен од МАКФАКС.