Вчера во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 56-годишниот Д.Д. од Тетово.
При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобзирно управување на моторно возило”.
Текстот Уапсен тетовец, возел со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час е превземен од МАКФАКС.