Вчера во 17.35 часот на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода 51-годишниот С.М. од дебарското село Могорче.
При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патнички автомобил „форд“ со дебарски регистарски ознаким кое го управувал и од преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управува со 2,41 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и поднесен му е соодветен платен налог. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Текстот Уапсен маж од Дебарско, возел со 2,41 промили алкохол во крвта е превземен од МАКФАКС.