Вчера во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 38-годишниот В.Г. од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, извести МВР.

В.Г. е приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Уапсен битолчанец: при претрес во неговиот дом пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.