Турската опозиција не успеа да се договори за единствен кандидат за претседателските избори, откако Мухарем Инџе од партијата Мемлекет одби да ја повлече својата кандидатура во корист на Кемал Киличдароглу од Републиканска народна партија,  соопшти денеска турскиот весник „Хуриет“.

Advertisements

Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14 мај, а според анкетите главен противник на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган е единствениот кандидат од опозициската Републиканска народна партија, Киличдароглу.

На претседателските избори дозволено е учеството на  четворица кандидати, а многу опозициски активисти го повикаа Инџе да ја повлече кандидатурата, сметајќи дека ќе го спречи Киличароглу да победи во првиот круг и да земе дел од гласовите на опозицијата за себе.

Одговарајќи на овие обвинувања, тој за „Хуриет“ изјави дека не е незадоволен само од актуелната власт, туку и од опозицискиот блок и дека има намера да се занимава со политика.

Прикажи повеќе