Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни дека не е виновен по сите точки на обвинението.

Advertisements

Тој е во Судот во Менхетн каде беше и формално уапсен.

Откако пристигна пред Судот, тој излезе од автомобилот и ги поздрави своите симптизери кои го чекаа. На Трамп му беа земени отисоци, по што беше изведен пред судијата. По изјаснувањето, се очекува Врховниот судија да му дозволи на Трамп да се врати дома во Флорида каде вечерва ќе им се обрати на своите приврзаници.

„Одам на суд. Ова изгледа надреално-ќе ме уасат. Не можам да верувам што се случува во Америка – напиша претходно Трамп на социјалните мрежи.

Кога ќе му биде и официјално предадено обвинението на Трамп, обвинителот Алвин Браг ќе им се обрати на новинарите и за прв пат детално ќе го образложи сите точки за кои се товари поранешниот американски претседател.

Трамп е првиот претседател на САД кој е кривично гонет.

Прикажи повеќе