Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која на трансродовите спортисти им се забранува учество во женски спортови.

„Поради оваа извршна наредба, војната против женскиот спорт е завршена“, рече Трамп додека го потпишуваше документот на церемонијата во Белата куќа, со аплауз од десетици спортистки.

Извршната наредба предвидува федералната влада да прекинат да ги финансираат училиштата кои ќе им овозможат на трансродовите членови на заедницата да бидат дел од женските спортски тимови.

„Нема да има федерално финансирање за овие институции“, нагласи Трамп.

Тој, исто така, ја искористи можноста да се обрати до Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) додека неговата земја се подготвува да биде домаќин на следните Олимписки игри.

„Во Лос Анџелес 2028 година, мојата администрација нема да седи со скрстени раце додека мажите победуваат спортистки. Нема да го дозволиме тоа“, рече тој, повторувајќи дека Алжирката Иман Калиф е маж (олимписка шампионка во бокс во полусредна категорија).

Трамп нагласи дека неговата влада ќе ги отфрли сите барања за визи поднесени од мажи кои „лажно се претставуваат како жени“.

Текстот Трамп потпиша декрет за забрана на трансродовите спортисти во женски спортови е превземен од МАКФАКС.