Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.

„Моите претставници денес имаа долг и конструктивен состанок со Израелците за Газа. Израел се согласи со потребните услови за постигнување 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп на социјалните мрежи.

„Катарците и Египќаните, кои работеа многу напорно за да постигнат мир, ќе го достават овој последен предлог. Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати оваа понуда бидејќи нема да се подобри – САМО ЌЕ се влоши“, заклучи американскиот претседател.

Текстот Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа е превземен од МАКФАКС.