Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети дека ќе донесе мир и ќе стави крај на војната по телефонскиот разговор со претседателот Володимир Зеленски во петокот, пренесе Укринформ.
„Претседателот Зеленски на Украина и јас имавме многу добар телефонски повик претходно денеска. Тој ми честиташе за многу успешната национална конвенција на Републиканците и станав републикански кандидат за претседател на Соединетите држави, се наведува во објавата на Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Тој го осуди грозоморниот обид за атентат минатата сабота и истакна дека американскиот народ се здружил во духот на единството во овие времиња.
„Го ценам претседателот Зеленски што посегна бидејќи јас, како ваш следен претседател на Соединетите држави, ќе донесам мир во светот и ќе ставам крај на војната која чинеше толку многу животи и уништи безброј невини семејства“, рече Трамп, обраќајќи ѝ се на американската јавност.
Според неговото мислење, „двете страни можат да се соберат и да се договорат за договор што ќе стави крај на насилството и ќе го отвори патот за просперитет“.
Како што пренесува Укринформ, претседателот на Украина на својата официјална страница на мрежата Х забележал дека за време на разговорот со Трамп му честитал за номинацијата за Републиканската партија и ја истакнал важноста од одржувањето на двопартиската поддршка за Украина.
Говорив із Дональдом Трампом. Привітав його з номінацією від Республіканської партії та засудив жахливий замах у Пенсильванії. Побажав сил та абсолютної безпеки надалі.
Я відзначив життєву важливість двопартійної та двопалатної американської підтримки для захисту свободи й…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 19, 2024
Д. Т.