Мајката и сестрата на поп-ѕвездата Мараја Кери загинаа во „трагичен сплет на настани“, потврди пејачката.
Мајката Патриша и сестрата Алисон починале истиот ден, а причините за смртта се уште не се познати.
-Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, поради трагичен збир на настани, сестра ми го загуби животот истиот ден, рече пејачката во изјава за новинската агенција ПА.
-Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да умре. Ја ценам љубовта и поддршката од сите, како и почитувањето на мојата приватност во овој неверојатно тежок период, додаде Кери.
Прикажи повеќе