Северина објави нови фотографии на социјалните мрежи, а особено внимание привлекоа нејзините чевли. Во описот на објавата напишала: „GolubiceBijela.mp3“.
Овој пат таа се одлучи за сива јакна, шорц и ролка, но најмногу се истакнаа нејзините потпетици украсени со раскошни пердуви. Целиот стајлинг го комплетираше со бордо чанта.
„Божествена како и секогаш, а чевлите се неверојатни, само ти го можеш тоа“, „Фантастична“, „Совршена, сите се заљубени во тебе“, беа само дел од коментарите.
Северина често ја изненадува јавноста со изборот на облека, а неодамна повторно изненади со изборот на обувки. Таа се прошета низ плоштадот Свети Марко во розева комбинација и бели чизми. Цената на нејзините чизми на официјалната веб-страница е 704 евра.
Текстот „Тоа го можеш само ти“: Северина воодушеви од аутфитот, посебно внимание привлекоа штиклите е превземен од МАКФАКС.